Ристовски: Европското кадетско првенство У-17 во Скопје е големо признание за македонското борење

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов, со тренерите и со младите македонски борачи што ќе настапат на претстојното Европско кадетско првенство во борење (У-17), кое ќе се одржи од 9 до 15 јуни во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Ристовски изрази поддршка за младите македонски борачи и истакна дека
организацијата на едно европско првенство од ваков ранг претставува големо
признание за македонското борење и за македонскиот спорт.

-Изразувам силна поддршка за нашите млади борачи и за целокупната
организација на првенството. Важно е младите спортисти да чувствуваат дека
државата стои зад нив, особено кога настапуваат дома, пред домашна публика.
Овие млади борачи се гордост на Македонија и верувам дека на претстојно
Европско првенство ќе се претстават во најдобро светло – изјави министерот
Ристовски.
На Европското првенство ќе настапат 800 натпреварувачи од 40 држави.
Македонија ќе ја претставуваат вкупно 18 борачи – по 9 во машка и 9 во женска
конкуренција.



