Ристо Димитров прогласен за најспортист на „Најуспешни битолчани 2016“ (ФОТО)

Ристо Димитров – Чуринот синоќа беше прогласен за најуспешен битолчанец во областа на спортот на традиционалната манифестација „Најуспешни битолчани 2016“ во организација на Битолски весник.

Комисијата неговиот избор имаше со што да образложи. Димитров е државен првак во комбат самбо до 68 кг, трето место во спорт самбо на Државното првенство во самбо, бронзен медал на Европското првенство во кураш во Грција, прво место на Интернационалниот турнир во Беране во спорт самбо, комбат самбо и грапплинг и европски професионален шампион на ИСФА во категоријата до 66кг, титула што ја освои токму во Битола протиов Црногорецот Амел Шабановиќ.

Ова е добра сатисфакција и мотивација пред ФФЦ настанот „Грција против остатокот од светот“ на 28 издание на ФФЦ во Атина на 11 март, каде што се среќава со светската кик бокс ѕвезда Робин ван Росмален (1-0 ММА) од Холандија кој почнува да гради и ММА кариера. Тие ќе се борат во категоријата до 66 килограми.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON