Ристо Димитров потпиша договор за менаџирање Јуропијан топ фајт, целта е борба за интернационалниот појас

Македонскиот ММА борец Ристо Димитров – Чурино потпиша договор менаџерската куќа од Хрватска „Јуропиан топ фијтерс“ под водство на Кристијан Ускоковиќ. Оваа менаџерска куќа две години ќе ја менаџира кариерата на Димитров.

Според договорот, Чурино ќе има неколку борби за брзо време. Јуропијан топ фајтерс ќе се грижи за нашиот интернационалец кој работи како тренер во УФЦ џим Оман.

Целта е да се стигне до борба за интернационалниот појас, што е сосема изгледно имајќи го во предвид полседниот настап на Ристо кој по двегодишна пауза во јуни славеше со арм бар во првата рунда на Импакт фајт најт во Нашице, Хрватска, против Марко Шпириќ од КБК Тигар од Жабањ, Србија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО