Ристо Димитров по две години се враќа во октагонот – ќе ги одмери силите со Тихота во Прага

Ристо Димитров – Чурино по две години повторно ќе влезе во кафезот и тоа во Прага, Чешка, на 25 септември против Тихота за една од најголемите европски промоции „Октагон 28“.

Димитров вели дека борбата ја прифатил по кратко изветсување.

„Имав само 10 дена да се подготвам. Ова промоција немаше противник за Тихота и ми понудија ако сум заинтересиран да скокнам. И прифатив. Иако не сум 100 отсто подготвен “, вели Димитров и додава:

„Ама, нон стоп тренирам, во добра форма сум. Ќе прикажам добра борба и се надевам на победа“.

Чурино смета дека ова е една од најдобрите европски промоции после М1 и КСВ. За остуството од октагонот и враќањето на борбите истакнува:

„По две  години надвор од борбите време беше да се вратам назад, ама немаше промоција што сакаше да плати карти од Оман. Многу ме бараа за борби, ама кога ќе слушнеа дека сум во Оман, се предомислуваа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО