Ристо Димитров – Чурино се испроба и во Спартанска трка во Оман, каде што настапиле 384 учесници од цел свет. Чурино е девети во севкупен пласман и четврти во неговата возраст. Победник е Русин кој специјално дошол за овој натпревар.
„Ова беше Спартанска трка. Најтешката трка на светот. Јас бев во супер трката на 14 км со 29 препреки. Од качување по ѕидови, носење вреќи со песок, качување ридови, трчање низ пустина, до лазење под бодликава жица, скокови преку оган, се и сешто“, изјави Димитров за Ипон.мк кој во Оман работи како ММА тренер.
„Ова е тешка трка и го направив најдобриот пласман на Оман и тоа против професионалци. Луѓе што живеат од овие трки. Мене ми беше прво учество“, истакна Димитров.
Ipon.mk/В.Д.