Ристо Димитров – Чурино ќе се бори за ММА титулата на ИСФА – Европски професионален првак до 66 килограми на 3 декември во Битола. Противник на Димитров е Амел Шабановиќ од Црна Гора од Самбо клубот Беране и од Санџак топ тим.
Инаку, Шабановиќ е освојувач на неколку појаси во ММА и К1.
„Очекувам да победам и да го донесам првиот профи -појас во Битола. Воедно, ги повикувам сите битолчани да дојдат во салата и да ја биде исполнат до последно место“, вели Ристо кој ја повикува целата македонска јавност да го бодри и да дојде во спортската сала „Малдост“ во Битола, кога се одржува Европското првенство во но ги и ММА за аматери.
Ipon.mk/В.Д.