Ристо Димитров: Ќе ги изненадам фаворитите и ќе освојам медал!

Churino poza so muskuli

Ристо Димитров-Чурино утре патува на Светското првенство во комбат самбо во Казабланка-Мароко. Тој е првиот и единствен македонски натпреварувач што ќе настапи на Светското првенство. За неговите очекувања, настапот и предизвиците разговараме со Димитров, кој во Македонија е познат по ММА настапите.

Dimitrov vo akcija 2

Како дојде до тоа да одиш на самбо Светско првенство?

-По подолга соработка со г-динот Ердал Факиќ и Самбо федерацијата се роди врската меѓу Игор ММА Битола и Самбо федерацијата. Оваа година учествувавме на самбо првенството на Македонија и по подолги разговори решивме да го воведеме и комбат самбо во Македонија. Мислам и дека сме единствени кои го тренираат. Па и поради тоа и моето искуство во ММА добив покана за учество на Светското првенство.

Нема ли да имаш проблеми во прилагодување на правилата?

-Проблеми со прилагодувањата на правилата немам, веќе ги практикуваме, а останаа само некои нови правила, кои од неодамна се воведени да ги разработиме со Самбо федерацијата.

Dimitrov i Bilic na najva

 Која е сличноста и различноста меѓу ММА и самбо?

-Правилата меѓу ММА и комбат самбо се многу слични, а има и многу различности. Разликата е што има кимоно, има удари со глава, има фрлања со кимоно и некои други работи, другото е исто како и во ММА.

 Кои се твоите адути за ова СП?

-Сепак, прв пат учетвувам како македонски репрезентативец во комбат самбо. Ќе дадам се од себе, иако другите веќе имаат многу искуство. Моите адути се во тоа што сум во топ форма и доаѓам од ММА борба, па се надевам дека ќе имам резултат.

 Најголеми фаворити се Русите, како нивен спорт. Може ли да има изненадувања?

-Русите на последните неколку светски и Бугарите се најголеми фаворити. Ние како репрезентација, која не им значи многу, ќе се обидеме да ги изненадиме и да дојдеме до медал.

 Какви се очекувањта во култната Казаблнка? Можен ли оттаму некој ММА ангажман?

-Од Казабланка очекувам медал, за што ќе ми помогне искуството. Сепак, таму ќе биде светскиот крем на самбо и ММА, се надеваме на успешен настап, големо искуство кое ќе ми помогне во понатамошните самбо и ММА натпревари.

Се надевам дека ќе воспоставам нови врски, а со тоа и нови ангажмани во ММА и самбо натпреварите.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО