Ристо Димитров е „Спортист на годината“ во Битола (ФОТО)

Ристо Димитров – Чуринот е избран за „Спортист на годината 2016“ во Општина Битола во изборот на Сојузот на спортски федерации на Битола.

Спортистот на годината Ристо Димитров минатата година беше државен првак во комбат самбо до 68 кг, трето место во спорт самбо на Државното првенство во самбо, бронзен медал на Европското првенство во кураш во Грција, прво место на Интернационалниот турнир во Беране во спорт самбо, комбат самбо и грапплинг и европски професионален шампион на ИСФА во категоријата до 66кг, титула што ја освои токму во Битола протиов Црногорецот Амел Шабановиќ.

Димитров пред една недела беше прогласен за најуспешен битолчанец во областа на спортот на традиционалната манифестација „Најуспешни битолчани 2016“ во организација на Битолски весник.

Ова е добра сатисфакција и мотивација пред ФФЦ настанот „Грција против остатокот од светот“ на 28 издание на ФФЦ во Атина на 11 март, каде што се среќава со светската кик бокс ѕвезда Робин ван Росмален (1-0 ММА) од Холандија кој почнува да гради и ММА кариера. Тие ќе се борат во категоријата до 66 килограми.

Најдобри спортисти на Битола за 2016 година: 

1. Ристо Димитров – Чурино –  Клуб за боречки спортови Чурин

2. Надица Трпковска – ЖРК Пелистер

3. Мартин Ивановски – Стрелачки клуб РЕК Битола

Најдобри млади спортисти:

Фросина Петковска – Џудо клуб Пелистер
Ана Крбалевска – ЖФК ТОП ГОЛ
Бојан Стефановски – ФК Талент Битол
Емилија Трајковска – Стрелачки клуб Јане Сандански
Борјан Обедниковски – Кошаркарски клуб АД Битола
Љупчо Бошевски – Кик бокс клуб Самурај
Стефан Сунчевски – Кик бокс клуб Заншин
Виктор Ташовски – Одбојкарски клуб Пелистер
Анастасија Спировска –ЖРК Пелистер
Никола Андоновски – Кугларски клуб Хераклеа
Сунај Мифтар – Кунг-фу клуб Битола
Петар Петров – Џудо клуб Чурин
Димитар Стевановски – КК Студент
Емилијана Ризовска – Тениски клуб Битола
Марко Димовски – ДГС Партизан
Теодора Андоновска – Одбојкарски клуб Пелистер
Ана Ивановска – Стрелачки клуб Битола

Најдобра спортистка во инвалидитет:

Оливера Наковска – Биковска

Општински сојуз на училишниот спорт
(по предлог на претседателството на сојузот на училишен спорт на Битола)

Најдобар наставник во категоријата основни училишта (најдобар професор по физичко образование и спорт) – Борче Марковски
Најдобар наставник во категорија средни училишта – Лазе Гаштаров
Најуспешно основно училиште – училишен спортски клуб ОУ „Климент Охридски“ –Битола
Најуспешно средно училиште – училишен спортски клуб Гимназија „Јосип Броз Тито“
Најуспешно основно училиште во ноќна трка ОУ „Коле Канински“ – Битола
Најуспешно средно училиште во ноќна трка Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола

Најуспешни тренери:

Горјан Стојановски – ЖКК Младост
Борче Костов – МК Ноќни волци

Екипа на годината:

1. ЖРК Пелистер
2. ЖФК Топ Гол
3. СК РЕК

Посебни признанија:

– Сојуз за спорт и рекреација на инвалидни лица – Битола – 50 години постоење
– Гоце Гроздановски, долгогодишен спортски работник во ракомет
– Вангел Христов, долгогодишен спортски работник
– Љубиша Стојановски, долгогодишен спортски работник.

  Ipon.mk/В.Д.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON