Ристо Димитров-Чурино ќе учествува на Светското првенство во самбо, кое се одржува во култната Казабланка во Мароко од 13 до 16 ноември.
Тој ќе се натпреварува во комбат самбо. Всушност, Димитров е прв натпреварувач од Македонија што ќе учествува СП во комбат самбо.
Покрај него, во Казабланка ќе патуваат и претседателот на Самбо федерацијата на Македонија, Ердал Факиќ и Славчо Тодоров.
Инаку Димитров еден од нашите најистакнати ММА борци.
ipon.mk/В.Д.