Поветкин: За реванш со Кличко сум подготвен да се борам и во Киев!

Klicko-povetkin pregrnati

Иако се заладени односите меѓу Русија и Украина, Александар Поветкин е подготвен да се бори во Киев, ако добие можност за реванш против светскиот шампион Владимир Кличко.

„Се надевам дека еден ден овој меч ќе се одржи. Тогаш ќе видиме што ќе се случи. Своевремено, Кличко беше посилен од мене. Но, тогаш јас не бев во формата во која сум сега. Се разбира дека сум подготвен да одам во Киев. Всушност, Украинците ги сметам за наши браќа. Сите ние сме руски луѓе. Тажно е што политиката ја подели нацијата. Спортот е за тоа да ги обединува луѓето. На нас не ни е потребена оваа политичка позадина, тоа е погрешно“, изјави Поветкин.

Потсетуваме дека првата средба со Владимир Кличко, која се одржа во Москва, заврши со победа на Украинецот со едногласна одлука на судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО