Ристевски и Костовски ги загубија борбите во Сараево (ФОТО)

Дејан Ристевски и Роберт Костовски ги загубија борбите на Меморијалниот турнир „Браќа Башовиќ“ во Сараево, Босна и Херцеговина.

Дејан Ристевски е поразен од Харис Бибер од Босна и Херцеговина со прекин во првата рунда откако добил удар со колено во ребрата, а Роберт Костовски со Един Синановиќ (БиХ) е поразен со прекин во третата рунда.

„ Овој предлог за Дејан и Роберт беше многу брз и ненадеен. Но тие, знаејќи си ги противниците, ги прифатија борбите, иако имаа малку време за подготовки. Сепак, искуството што ѓе го стекнат ќе им биде школо за наредните борби кои ќе ги имаат. Професионалните мечеви не се како аматерските, каде не знаеш со кого и во колку борби ќе треба да се бориш. Професионалните се полесни од аматерските, бидејќи однапред се знае противникот и обично се има време соодветно да се подготват борците, и кондиционо и техничко-тактички градејќи начин на борба спрема начинот на кој се бори противникот“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON