Директорот на Регионалната лига во бокс, Александар Рисмиќ, со пофални зборови за организацијата на првиот меч од оваа лига меѓу Вардар и Лозница кој заврши со посилната екипа на гостите од 3-7.
„Одлична организација. Беше прикажан квалитетен бокс, а преку Арена спорт цел свет го виде стартот на Регионалната лига. Верувам во овој проект и се надевам сите боксери ќе бидат подготвени за Светското боксерско првенство, односно да се вратат со медали. Ова е проет за враќање на сјајот на боксот на просторите на поранешната држава“, изјави Рисмиќ.
Иако сега поради функцијата не е прв човек на Лозница, тој верува во силата на клубот и смета дека ќе се вмеша во борбата за титулата во Регионалната лига.