Реномираниот магазин The Ring кој од 1928-ма ја врачува наградата за најдобар боксер на изминатата година, во конкуренција на Флоид Мејведер Јуниор, Саул Алварез, Генадиј Головкин и Роман Гонзалес го избра Британецот Тајсон Фјури.
Новиот светски шампион во супертешка категорија,Фјури (27 г.) е избран за најдобрат боксер во 2015-та година. Минатата година ан 28 ноември, Британскиот Ром го совлада неприкосновениот Владимир Кличко (39) и ги доби престижните појаси.
Фјури во Германија со едногласна одлука на судиите го совлада Украинецот по 12 рунди и ги спои титулите во Меѓународната боксерска федерација (IBF), Светската боксерска организација (WBO) и Светската боксерска асоцијациаја (WBA).
Во изборот кој првпат се организирал во 1928 година, боксерот од Манчестер победи неколку светски имиња меѓу кои Американецот Флојд Мејведер Јуниор, Мексиканецот Саул Алварез, Казахстанецот Генадиј Головкин и Роман Гонзалес од Никарагва. Фјури бил номиниран и во изборот „Победа на годината“.
„Не можам да поверувам (Oh my God!). Многу сум горд на наградава“, напиша Тајсон Фјури на својот Твитер профил. Тој го повтори успехот на сонародниот Рики Хатон од 2005. година.
Не остана без награда ниту Мејведер кој ја заврши кариерата по победата над Андре Берто во септември. На подолгиот список на 38-годишниот Мејведер (49 победи/26 со нокаут) се најдоа неколку сериозни противници, но тој ниту еднаш не загуби. Стана светски првак во пет различни категории. Американецот остана само со бронза од Олимписките игри во 1996. Година, кога претрпе пораз од Бугаринот Тодоров. Денес стана лауреат во номинацијата „Настан на годината“ за „борбата на векот“ против Мани Пакијао. Хонорарот кој го доби Мејведер во таа прилика изнесуваше околу 200 милиони американски долари.
Во изборот за Спортист на 2015-та во Велика Британија, Фјури заврши втор, зад тенисерот Енди Мареј, кој беше прогласен за спортска личност на годината.