„Ринг“: Канело е најдобар боксер во 2021 година (ФОТО)

Сoл Алварез Канело продолжува да го достигнува врвот во кариерата. Мексиканскиот боксер со својот тренер – Еди Рејносо, станаа првиот тренер и боксер во историјата кои ја красат насловната страница на најпознатиот боксерски магазин – „Ринг“.

Веста ја објави самиот Алварез на социјалните мрежи.

„За прв пат во историјата на магазинот, борец и неговиот тренер се појавуваат заедно на насловната страница. Му благодарам на Ринг за честа и на мојот тим, бидејќи ништо од ова не би било возможно без нив“, напиша Канело на својот Инстаграм профил.

Канело Алварез беше прогласен за боксер број 1 на списанието Ринг во 2021 година.

Минатата година Мексиканецот славеше над Авни Јилдирим во пресметка за светски титули (ВБЦ, ВБА Супер) во суперсредна категорија; над Били Џо Сандерс за појасите (ВБЦ, ВБО, ВБА Супер) и над Калеб Плант за титулите (ВБЦ, ВБА Супер, ВБО и ИБФ).

На овој начин, Алварез стана првиот неприкосновен светски шампион во суперсредна категорија и првиот мексикански боксер кој стана неприкосновен шампион во којабило тежинска категорија во ерата со три или четири појаси.

Канело ја освои наградата на списанието Ринг по втор пат од 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО