„Ринг“ ги избра најдобрите тешкаши на денешницата – тројца Британци пред Вајлдер

Реномираниот магазин „Ринг“ ја освежи својата ранг-листа во тешка категорија.

Магазинот „Ринг“  уште од 1925 година е заслужен за можеби најценетите ранг листи во светот на боксот, а истите, според нивното објаснување, ги составуваат стручњаци од целиот свет.

„Се делат мислења, се води дебата и конечната одлука за тоа кој ќе се рангира е донесена на демократски начин. Звучи лесно, но тоа може да биде тежок и долготраен процес“, велатод реномираниот медиум.

Па, тогаш како изгледа редоследот во тешка категорија според „Рингот“?

Очекувано, на прво место е непоразениот шампион на ВБЦ Тајсон Фјури (30-0-1, 21 КО) кој совладувајќи го Дионтеј Вајлдер по втор пат во кариерата ја освои и титулата на Ринг во тешка категорија. „Кралот на Ромите“, да потсетиме, прв пат тоа му тргна од рака во 2015 година кога го шокираше светот совладувајќи го Владимир Кличко.

Поради наведеното Фјури токму и на оваа листа е претставен како шампион, а потоа следи листата „предизвикувачи“ предводена од двајца други британски претставници.

Имено, прв во тоа рангирање е сопственикот на појасите на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО – Ентони Џошуа (23-1, 21 КО), а веднаш до него е привремениот првак и задолжителен предизвикувач на ВБЦ – Дилиен Вајт (27- 1, 18 КО).

Третото место му припадна на поранешниот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер (42-1-1, 41 КО). Веднаш зад американскиот нокаутер се наоѓа Кубанецот – Луис Ортиз (31-2, 26 КО). Поранешниот шампион Енди Руиз Јуниор ги затвора првите 5 во рангот на „предизвикувачи“. (33-2, 22 КО).

По нив следуваат Александар Поветкин (35-2-1, 24 КО), Џозеф Паркер (27-2, 21 КО), Мајкл Хантер (18-1-1, 12 КО), Оскар Ривас (26-1, 18 КО), а 10-то место му припадна на следниот противник на Ентони Џошуа – Кубрат Пулев (28-1, 14 КО).

Покрај првите 10 Рингот ги наведе и боксерите кои се на еден чекор од влегувањето во нивното најелитно општество, а меѓу нив се Филип Хрговиќ (10-0) Ефе Ајагба, Даниел Дубоа, Агит Кабајел и човекот кој по големата доминација во полутешка категорија стана тешкаш – Александар Усик.

Ранг листа на магазинот Ринг во тешка категорија:

Шампион: Тајсон Фјури

1: Ентони Џошуа
2: Дилиен Вајт
3: Дионтеј Вајлдер
4: Луис Ортиз
5: Енди Руиз Јуниор
6: Александар Поветкин
7: Џозеф Паркер
8: Мајкл Хантер
9: Оскар Ривас
10: Кубрат Пулев

Еден чекор поблизу до ТОП 10: Ефе Ајагба, Даниел Дубоа, Филип Хрговиќ, Агит Кабајел и Александар Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО