Греј Мејнард: Борците во УФЦ се сиромашни и гладуваат

Поранешниот предизвикувач за титулата во лесна категорија на УФЦ, Греј Мејнард е уште еден борец кој ја критикуваше организацијата. Во последниве денови, неколку поранешни борци на УФЦ се налутија од малтретирањето и ниските плати што ги добиваат. Незадоволството од најголемата ММА организација се зголеми откако Џон Џонс и Хорхе Масвидал побараа да ги ослободат од обврските спрема УФЦ, бидејќи не добија добри пари.

Згора на тоа, Конор Мек Грегор објави дека се повлекува од ММА затоа што УФЦ не му го даде она што го сакаше. Сега 41-годишниот ветеран Мејнард, кој го помина најголемиот дел од кариерата во УФЦ, има што да каже на оваа тема.

„Го следам она што се случуваше последниве години. Тешко е да се зборува кога имате договор со нив. И симнувам капа на Масвидал и Џон Џонс кои зборуваат. Постојат и други борци кои не се големи имиња и само треба да се борат и да ги платат сметките. Луѓето мислат дека треба да молчиме, но Масвидал и Џонс разговараат и тоа е добро. Борците плаќаат за да бидат во УФЦ.

Тренинг камповите чинат повеќе од 10-12 илјади долари што ги добиваат борците. Мора да имаме сојуз на борци. Дана е добар соговорник, но треба да имаме луѓе што не поддржуваат. Вајт вели дека боксот не функционира и УФЦ прави најдобри борби. Зошто треба да создадете најдобри битки и борците да бидат уништени и должни да се борат?

Ги принудуваат борците да се борат, затоа што инаку гладуваат. Тоа не ми звучи како спорт. Учествував во битка која стана борба на годината и добив само 26.000. Требаше да ја напуштам салата и да ги отпуштам тренерите, затао што не заработив доволно пари.

Мојата кариера тргна надолу, бидејќи престанав да се грижам. УФЦ никогаш нема да направи нешто, додека не се нареди. Тие се гладни за пари и нема да се променат. Има луѓе кои се интересираат само за пари и во УФЦ се такви“, вели Мејнард.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО