Шампионот на Глори во тешка категорија Рико Верховен е незадоволен од она што се случи на последната гала вечер на организацијата. Минатиот викенд во Белгија се одржа настанот Глори 80, кој требаше да има 2 главни борби во тешка категорија.
Првата голема битка беше реваншот меѓу Бадр Хари и Аркадиуш Вжосек. За жал, навивачите се степаа во салата и имаше масовна тепачка. ГЛОРИ дадоа се од себе, но борбата меѓу Хари и Вжошек мораше да биде прекината по втората рунда.
По совет на полицијата Глори ја прекина целата гала вечер. На овој начин изгубија многу пари и ќе мора да им ги вратат парите на навивачите кои купија ППГ. Верховен е бесен на инцидентот и на социјалните мрежи напиша:
„Седев пред телевизорот и бев шокиран од она што го видов во Белгија. Тоа е срам за спортот! Фановите во секој спорт, воопшто, секогаш треба да се чувствуваат безбедно и да можат да уживаат во битките.
Ривалството е една работа, но користењето насилство за да се изрази е смешно. Зборовите не можат да опишат колку сум лут и разочаран. Ова не треба да се повторува. НИКОГАШ“!