Рико Верховен се враќа во рингот: За две недели ќе го дознаам противникот

Шампионот на Глори во тешка категорија, Рико Верховен, најави враќање во рингот и откри кој ќе биде неговиот следен противник.

„Ќе се вратам во рингот на 7 декември за уште еднаш да ја одбранам титулата. Противникот ќе го дознаам за две недели. А кој и да е против мене мора да биде уште подобар. Одбројувањето започнува“, рече долгогодишниот владетел на тешката категорија на Глори во објава на Инстаграм.

А неговиот противник ќе биде подобар од мечот меѓу Леви Ригтерс и Бахрам Раџабзадех, кои ќе го предводи настанот Глори 95 во Загреб на 21 септември.

Вистински штета за Хравтот Антонио Плазибат. Имено, најдобриот хрватски кик боксер, откако ја скрши раката, требаше да се врати во Загребската арена против Леви Ригтерс.

Но, Плазибат го повреди лактот и мораше да го откаже настапот, а на негово место влезе азербејџанскиот борец Бахрам Раџабзадех, кој во јуни загуби од Донеги Абена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rico Verhoeven (@ricoverhoeven)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО