Шампионот на Глори во тешка категорија, Рико Верховен призна дека планира да ја заврши професионалната кик бокс кариера најдоцна до 2023 година. Иако за две години „Принцот на кик боксот“ ќе има 34 години тој смета дека ќе биде повеќе од соодветен момент да се повлече од спортот и да се посвети на актерската кариера.
Рико има неколку настапи во американски и холандски продукции, а исто така има статус на славна личност во родната Холандија.
„Се борам во Глори од 2013 година“, рече Верховен во неодамнешното интервју.
„Мојата амбиција е да поминам 10 години во организацијата. Тогаш ќе можам да го затворам овој круг. Веќе ја гледам светлината на крајот од тунелот. Кикбоксот бара ужасно многу. Ве исцрпува и во одреден момент започнувате да се заморувате од овој товар“, призна шампионот.
32-годишниот Холанѓанец, кој дебитираше во 2005 година, ќе се бори со Алистер Оверим во октомври. Евентуалната победа над „Рем“ ќе значи дека Верховен ќе додаде нов скапоцен скалп во колекцијата.
Во својата богата кариера, Рико Верховен ги победи имињата како Питер Аертс, Хесди Гергес, Гокан Саки, Даниел Џaита, Ерол Цимерман, Бенјамин Адегбуј, Бадр Хари и Џамал Бен Садик.