Ријад домаќин на Светските боречки игри во 2023 година

Главниот град на Саудиска Арабија – Ријад, ќе биде домаќин на Светските боречки игри во 2023 година. Со ваква одлука излезе Глобалната асоцијација на меѓународни спортски федерации (GAISF/ ГАИСФ).

Игрите ќе вклучат 15 дисциплини (бокс, џудо, самбо, борење, кендо, таеквондо, кик бокс, мај тај, аикидо, мечување, џу џитсу, карате, савате, сумо и вушу). Тие спортови беа и на последните Игри, кои се одржаа во 2013 година во Екатеринбург, Русија.

Настанот требаше да се одржи во 2019 година во Тајван, но организациските проблеми спречија реализација на настанот од големи размери.

Светските боречки игри беа закажани и за оваа година, но закажаниот настан за Нур Султан, Казахстан, беше откажан за следната година поради пандемијата на коронавирусот и преместувањето на Олимписките игри во Токио.

Ова е уште еден голем меѓународен спортски настан кој слета во арапската земја во последните неколку години. Ријад е домаќин и на Азиските игри во 2024 година, Ентони Џошуа и Енди Руиз го одржаа големиот реванш во 2019 година, а Формула 1 оваа сезона ќе има и трка во Џеда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО