Резултати од 3-от „Тиквешки кик бокс турнир“ (ФОТО)

Денеска се одржа третиот „Тиквешки кик бокс турнир“ во организација на КБК Будо од Демир Капија со учество 23 борци.

На турнирот настапија КБК Гладијатор Неготино, КБК Гладијатор Штип и, КБК Будо Кавадарци и домаќинот КБК Будо Демир Капија.

Од клубот се заблагодаруваат на Кик бокс и мај тај федерацијата,  односно претседателот Дејан Митровски, кои ја поддржаа реализацијата на овој турнир, како и на Општина Демир Капија и градоначалникот Лазар Петров, винаријата Бовин и Авто старт.

Резултати
Марија Јанева ја победи  Владанка Бојкова (двете се од Гладијатор Неготино)
 Александар Захарчев (Будо – Д. Капија) го победи Мартин Димитриовски (Будо Кавадарци)
Димитар Гајтановски загуби од Милан Милошевиќ (двајцата се од Будо Кавадарци)
Слободанче Ѓорев загуби од Синиша Милошевиќ (2- Будо Кавадарци)
Даниел Захарчев – Ферат Калајдзиев (2 – Будо – Д. Капија) нерешено
Роберт Ристов загуби од Мартин Тасев (2- Будо Кавадарци)
Јадранка Темелкова ја победи Оливера Димова (2 – Гладијатор Неготино)
Благојче Стојановски (Гладијатор – Штип) го победи Мартин Тасев (Будо Кавадарци)
Христос Виланос (Будо Кавадарци) загуби од  Христијан Китанов (Гладијатор Штип)
Боби Јанев (Гладијатор Штип) загуби од  Теодор Трајков( Гладијатор Неготино)
Марјан Попадинов (Гладијатор Штип) го победи Стојанче Пендев (Будо Кавадарци)
Никола Симитчиевски (Будо Д. Капија) го победи Марјан Димов (Будо Кавадарци)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО