Резарт Хусени од Иппон чека репасаж на Европскиот џудо куп во Анталија

Џудистот на Иппон од Скопје, Резарт Хусени (-60 кг), забележа победа и пораз на денешниот Европски џудо куп за кадети Анталија 2018 во Турција. Прво го совлада Ахмет Кандриџи од Турција со ипон, а е поразен со ипон и вазари од Тилеген Тинарбај од Казахстан.

Хусени има шанса за репасаж и борба за борнзениот медал.

Ветон Ајдинов (-66 кг) се сретна со изразит фаворит Ануар Жумалгедин од Казахстан кој е со залетн медал од Азискиот куп за кадети. Ајдинов загуби со ипон.

Хусени и Ајдинов прв пат настапуваат на Европски куп.

„Ова за нив е прв европски куп, се надеваме дека ќе одат по стапките на своите повозрасни другари од клубот. На овој европски куп нашите џудисти патуваат во сопствена режија. Продолжуваме со репродукција на шампиони, Ветон и Резарт се од втората генерација џудисти кои никнуваат од нашиот расадник“, велат од Иппон.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО