Резарт Хусени и Хамза Јашари го завршија настапот на Европското првенство

Македонските репрезентативци Резарт Хусени и Хамза Јашари загубија во првото коло на Европското џудо првенство за јуниори што се одржува во Пореч, Хрватска.

Хусени и Јашари се бореа со многу посилни протовници. Резарт е поразен од Турчинот Демирел, додека Хамза се сретна со Ајхан Танвердијев (Азербејџан).

Од нашите џудисти треба да се бори и Еди Шерифовски во категоријата до 81 килограм против Марк ван Дијк од Холандија.

Резултати
66 кг
Резарт Хусени – Мухамед Демирел (Турција) пораз со ипон и вазари
Хамза Јашари – Ајхан Танвердијев (Азербејџан) пораз со ипон

81 кг
Еди Шерифовски – Марк ван Дијк (Холандија)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО