Џошуа конечно дојде на своето: Вајлдер призна, сега вистината се знае

Дионтеј Вајлдер го прекина молчењето. Откако ја раскажа приказната дека бил жртва на заговор во борбата против Тајсон Фјури и го обвини поранешниот тренер Марк Бреланд дека е најголемиот виновник за неговиот пораз, сега го порзва шампионот на ВБЦ.

Имено, „Кралот на Ромите“ се сврте кон нов ривал и го остави Вајлдер на страна.

Секако, тоа не му одговара на Вајлдер и од Фјури бара возвратна борба.

Американецот го потсети дека го одржал ветувањето по првата борба и му дал реванш, а сега го замолува Фјури да го направи истото.

„Ми понудија поголема сума за борба против Џошуа отколку што добив за мечот со тебе. Јас бев човек кој го одржа својот збор. На реваншот имавме клаузула за нов меч. Сега на тебе ти е редот да го одржиш зборот“, напиша Вајлдер на својот Твитер.

Оваа порака не остана незабележана од светскиот шампион ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО, Ентони Џошуа кој со години беше критикуван за наводно избегнување борба против Вајлдер.

„Во тоа време луѓето зборуваа сешто и по медиумитеи се провлекуваа секакви глупости, па на крајот почна да се верува во тоа. Но, за нешто е потребно време за да се открие вистината“, рече Ентони Џошуа.

Од пораката на Вајлдер може да се заклучи дека понудата на тимот на Џошуа била финансиски коректна.

„Призна, понудивме голема сума, но тој сакаше да се бори против Фјури. Ако тоа беше негова желба, тогаш добро. Но зборуваше секакви работи и ме клеветеше. Морав да се справам со тие удари додека тој се обидуваше да ме прикаже како лоша личност и некој што не сака да се бори против вистински ривали “, рече Ентони Џошуа и додаде:

„Сега кажа се. Му понудивме многу добар договор, но тој го саквше Фјури. Луѓето можат да го разберат тоа како што сакаат. Сега конечно се гледа што е вистина.

Светскиот шампион Ентони Џошуа ги брани појасите на 12 декември против Бугаринот Кубрат Пулев.

Доколку го добие тој меч, британскиот боксер следната година ќе се бори против сонародникот Тајсон Фјури за обединување на сите титули во тешка категорија. Но, „Кралот на Ромите“ мора да го задржи шампионскиот појас на ВБЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО