Усик по 12 рунди на поени со едногласна одлука на судиите го победи Џошуа и ги презема шампионските појаси, па нема многу да се чека на нова борба, се најавува од Островот, иако Украинецот по триумфот најави дека во моментов не размислува на нова борба и дека допрва ќе се разгледуваат опциите за следниот противник.
Англиските медиуми за римечот се повикуваат на клузула од договорот за пваа борба која беше на „Вајт Харт Лејн“, стадионот на Тотнем во кој стои дека во случај на пораз на Џошуа е задолжителен реванш.
„Засега не знам ништо за реваншот, но веќе претпоставувам дека ќе биде во февруари или март. И мислам дека најисплатливо е повторно да се организира во Велика Британија, иако свесен сум дека промоторите на Усик сега ќе притискаат следната борба да биде во Украина“, рекол Еди Херн, промоторот и застапник на Џошуа.