Реваншот Пакијао – Хорн во Бризбејн

Реваншот меѓу Мани Пакијао (Филипини) и Џеф Хорн (Австралија) ќе се одржи во австралискиот град Бризбејн. Ова го најави промоторот Дин Лонерган, кој ги застапува интересите на австралискиот боксер. Тој додаде дека Филипинцот се согласил да го одржат реванш мечот.

„Ќе работиме напорно во текот на следните неколку месеци за да ја организираме борбата“, потврди Лонерган.

Во јули, Пакијао изненадувачки ја изгуби првата битка со Хорн по контроверзна судиска одлука. Азиската легенда ја заложи светска титула во тој меч.

https://youtu.be/OdvxQDVP4WI

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON