Дарко Каевски: Со финансиска поддршка АМС ги мотивира каратистите да донесат медали од Тенерифе!

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција пред заминувањето на македонската карате репрезентација на Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У-21) во Тенерифе, Шпанија, од 25 – 29 октомври.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, истакна дека АМС на каратистите им дава голема поддршка, особено ако се знае дека овој спорт е еден од најтрофејните спортови кои носи многу медали за Македонија, при што додаде дека очекува високи резултати од каратистите.

„Агенцијата за млади и спорт го поддржува каратето, а тоа како АМС го потврдуваме и со финансиската поддршка која ја овозможивме на нашите каратисти на ова Светско првенство. Каратето е еден од нашите најуспешни спортови, а со континуирана поддршка и стимул на младите каратисти сакаме дополнително да ги мотивираме, да донесат медали од Тенерифе и да ја претстават Република Македонија во најдобро можно светло. Убеден сум дека овие млади надежи се подготвени за големи резултати, а домашната спортска јавност со нетрпение ги очекува нивните настапи“, изјави Каевски.

Се обратија тренерите на карате репрезентацијата Стојан Андриевски, Арлинд Хусеини и Александар Кузмановски. Тие се согласни дека репрезентацијата е подготвена и сите заедно очекуваат висок пласман.

„Подготовките ги одработивме на посакуваното ниво, немавме повредени репрезентативци, а со тоа слободно можеме да кажеме дека ќе одиме на висок пласман. Репрезентативците се подготвени, очекуваме да настапат со нивниот борбен дух и нивната енергичност, а на крај да го крунисаат нивниот настап и да ја израдуваме македонската јавност и во Македонија да се вратиме со освоени медали“, изјавија тернерите на македонската карате репрезентација.

Репрезентација на Македонија за СП 2017:

Кадети борби
-47 кг Марија Милева – 45 натпреварувачи

-52 кг Дритон Халими – 55
-57 кг Марио Свинарски – 59
-63 кг Христијан Стојановски – 51
-70 кг Иво Мишачковски – 46

Јуниори борби
-53 кг Драгана Манговска – 48
-59 кг Вјолца Гафури – 58
+59 кг Симона Симовска – 45

-55 кг Столе Смилковски – 57
-61 кг Фаик Весели – 60
-68 кг Роберто Ацковски – 68
-76 кг Филип Несторовски – 69
+76 кг Вегим Мурати – 48

У-21 борби
-55 кг Моника Пендаровска – 45
-61 кг Вероника Костовска – 49
-68 кг Ангела Мојсовска – 42

-60 кг Давид Петков – 55
-67 кг Димитар Илиевски – 65
-75 кг Петар Заборски – 69
-84 кг Петар Спасеновски – 56
+84 кг Семир Ќосовиќ – 38

Кати кадети
Владанка Аврамова – 39 натпреварувачи
Александар Неделковски – 46

Кати јуниори
Киријана Камческа – 43

Кати У-21
Маријана Димоска – 42

Кадетско-јуниорски ката тимови
Миа Маневска, Владанка Аврамова, Ивона Мустаровска -18
Георги Банковски, Јован Васиќ, Христијан Димитриевски – 21

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО