Реваншот Нгану – Блајдес главна борба на УФЦ настанот во Кина

Две и пол години по Загреб, Картис Блајдес (10-1, 5-1 УФЦ) и Френсис Нгану (11-3, 6-2 УФЦ) повторно ќе се борат во главната борба на УФЦ настанот во Кина.

31-годишниот Камернунец и 27-годишниот Американец ќе се сретнат во главната борба на УФЦ Фајт најтс 141 кој ќе се одржи на 24 ноември во Пекинг.

Нгану е во низа од два порази (Миочиќ, Луис), додека Блајдес е без пораз во последните 6 мечеви.

И во тој шестиот меч го победи со техничкиот нокаут Адам Милстед, но резултатот беше променет, бидејќи беше позитивен на марихуана.

Во првата борба во април 2016 година во Загреб Нгану го победи со техничкиот нокаут во втората рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON