Реваншот меѓу Кормиер и Џонс е новата главна борба на УФЦ 200

DZons-Cormier

УФЦ истраја на одлуката да не му дозволи настап на Конор Мек Грегор на УФЦ 200.

Наместо реваншот Мек Грегор-Дијаз да го предводи настанот во Лас Вегас на 9 јули, тоа ќе биде реваншот меѓу Даниел Кормиер и Џон Џонс за шампионската титула во полутешка категорија.

Борбата требаше да се одржи минатиот викенд на УФЦ 197, но Кормиер мораше да се откаже поради повреда. Џонс во меѓувреме ја освои привремената титула против Овинс Сент Про.

Поранешниот шампион помалку делуваше „зарѓосан“против ОСП и додека дел од тоа се припишува на отсуство од кафезот, тренерот на Џонс, Грег Џексон, за спороста вината ја лоцира во кревањето прекумерна тежина.

Во неговата прва борба во јануари минатата година Џонс го победи Кормиер со едногласна одлука и го одбрани насловот на полутешка категорија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО