Реваншот Кличко и Фјури ќе биде меѓу април и јуни

Fjuri Klicko vo klinc

Реваншот меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури за светската титула во бокс во супер тешка категорија ќе биде меѓу април и јуни 2016 година. Ова го обелодени за „Чемпионат“ украинскиот боксер. Кличко најави и дека речиси сигурно мечот ќе се одржи во Велика Британија.

„Поминаа само два или три дена, а јас веќе мислев дека во договорот ми е вклучена опцијата за реванш. Меѓу другото, тоа ќе ме чини многу пари, но јас не жалам за тоа. Во секој договор на моја средба има опција за реванш. Фјури не може да ми избега и јас нема да трчаам по него и да го молам за реванш. Борбата ќе се одржи меѓу април и јуни. Засега нема точен датум, но убеден сум дека средбата ќе биде во Велика Британија“, изјави Кличко за „Чемпионат“.

Како што е познато, 27-годишниот Британец Тајсон Фјури кон крајот на ноември ја прекина хегемонијата во супер тешка категорија на Украинецот, Владимир Кличко. Фјури, кој е висок 206 см, го победи помалиот од браќата Кличко во Дизелдорф во 12 рунди со едногласна одлука на судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО