Најпознатиот руски спортист во светот не е ниту фудбалер, ниту хокеар, туку ММА борец.
Ветеранот во мешани боречки вештини, Џеф Монсон, роден во САД, е категоричен дека поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов е најпопуларниот руски спортист во светот.
„Најпопуларниот руски спортист во светот е Хабиб Нурмагомедов. Сто проценти. Се разбира, Русија има огромен број спортски ѕвезди од светска класа во хокеј, тенис, уметничко лизгање итн. Но Хабиб е најпопуларен и дискутиран. За тоа нема сомнеж. Можете лесно да го потврдите ова со споредување на бројот на претплатници на социјалните мрежи“, рече Монсон.
Хабиб има рекордна серија од 29 борби, вклучувајќи 13 победи од 13 борби во УФЦ и ја држи најдолгата серија во ММА. Хабиб Нумагомедов е првиот Русин кој освоил УФЦ титула.
Во октомври 2020 година Хабиб го победи Џастин Гејџи на УФЦ 254, а потоа објави дека се пензионира.