Репрезентацијата во бразилско џиу џицу освои 11 медали на Абу Даби про Милано 2019 (ФОТО)

Македонските БЏЏ репрезентативци освоија 11 медали – 4 златни, 4 сребрени и 3 бронзени (во две дисциплини, борби со кимоно и борби без кимоно) на Абу Даби про Милано 2019 што се одржа изминатиов викенд во Милано, Италија.

Овој силен меѓународен турнир е во рамките на Европското првенство во БЏЏ, Milan Intrernational Pro, турнир во светски рамки и се натпреваруваат клубови и репрезентации од целиот свет.

Учество зазема и дел од македонската репрезентација за бразилско џиу џицу, остварувајќи голем успех на првенството. Од вкупно 40 држави, Македонија го зазеде 5-тото место, додека, пак, од 78 тима нашиот е седми. Нашата држава ја птретставија 12 натпреварувачи.

Со кимоно европски прваци/ златни медали:

Ева Илиевска – сини појаси +18 год. -90 кг – жени

Никита Јоновски – бели појаси -25 кг – деца

Марко Ристовски – жолти/портокалови/зелени појаси -55 кг – јуниори

Сребрени медали:

Марко Панчевски – жолти појаси -34 кг – деца

Даниел Тодоровски – бели појаси -50 кг – јуниори

Бојан Манчевски – бели појаси -81 кг – јуниори

Ненад Мрчковски – бели појаси +18 год. -69 кг

Бронзени медали:

Марко Ангелов – бели појаси -42 кг. – деца

Даниела Алексовска – портокалови/зелени појаси -42 кг – јуниори

Вања Милевски – бели појаси -66 кг. – јуниори

Без кимоно европски прваци- златни медали:

Ева Илиевска – сини појаси +18 год. -90 кг

Селекторот Ивица Алексовски, иако нашата репрезентација се пласира високо, е делумно задоволен. Причина за ова е фактот што нашите репрезентативци загубија шест финални борби.

„Но, сепак, така е во спортот, некој победува некој учи“, вели Алексовски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON