Репрезентацијата во борење утре патува на првото ЕП за деца во Белград (ФОТО)

Утре за Белград патува репрезентацијата во борење на првото Европско првенство за деца кое викендов се одржува во главниот град на Србија. Нашата репрезентација ќе ја претставуваат девет борачи, седум во машка конкуренција и две девојчиња.

Борачите ќе ги водат тренерите Суфијан Исмаили и Давор Тасев, а Илчо Маркоски ќе патува како судија.

За Македонија ќе настапат:
Бесар Алили (-35 кг)
Стефан Штерјов (-35 кг)
Зулфуки Асани (-38 кг)
Аид Салихаси (-47 кг)
Филип Тасев (-53 кг)
Ермал Рамани (-66 кг)
Ненад Панов (-42 кг)
Олгица Коцева (-52 кг)
Бојана Лазаревска (-57 кг).

Од Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) се оптимистички расположени и очекуваат нашите борачи да освојат еден до два медала.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON