Репрезентацијата во борење патува на „Јашар Догу“ со млад состав (ФОТО)

Вечерва сениорската репрезентација во борење патува на силниот Меѓународен турнир „Јашар Догу“ во Истанбул, Турција, кој се одржува од 9 до 13 март.

Тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези во координација со спортскиот директор Страшо Глигоров на подготовки за овој турнир ги повикаа:

74 кг Бунјамин Нуиши – Тефјуз

84 кг Михаил Николов – Балканец

97 кг Бобан Савев – Балканец.

„Беше планиран и Халил Зубаиров, но не го испочитува правилникот на Федерацијата и решивме да комбинираме со младиската екипа, за да имаат повеќе борби пред настапот на Европските првенства за У-23 и за У- 20“, вели тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренеси, додавајќи дека се работи за силен меѓународен турнир на кој ќе  уцествуват повеќе од 20 земји.

Вренези нагласува дека целта е да нема повреди, бидејќи ова е костурот на нашата репрезентација, вклучувајќи ги и Рамадан Мустафовски, Елмедин Сејфулау, Столе Евтимов, Ријат Реџепи, Иван Јанев, Армин Идризи кои се планирани за претстојните подготовки. Од овие причини Вренези бара поддршка за овие млади борачи.

Тој изразува благодарност до дирекорот на репрезентацијата Страш Глигоров кој нон-стоп бил со нив и ги корегирал во некои работи и давал мотив за повеќе работа.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО