Нашите репрезентативци и олимписки кандидати во борење слободен стил на 7 март ќе отпатуваат за Рига-Латвија, каде што ќе земат учество на Европското првенство за сениори кое се одржува од 07 до 13 март.
Нашата селекција ја сочинуваат борачите 57 кг Лабазан Аскербиев, 61 кг Јасин Реџалари, 65 кг Дејан Митров, 97 кг Могамедгаџи Нуров, и 125 кг Бобан Данов, како и тренерот Љуљзим Вренези.
За учество на ова Европско првенство нашата селекција беше на подготовки во Спортскиот центар Тетевен-Бугарија во период од 18.02. до 03.03.2016 година. Ова е биде последен тест пред учеството на олимписките квалификациски турнири за обезебдување на олимписка норма за Рио 2016 година. Првиот квалификациски турнир ќе се одржи од 15 до 17 април во Зрењанин-Србија.
Ipon.mk/В.Д.