Репрезентација во борење: Македонија да се претстави во најдобро светло во Лас Вегас!

Dejan  mitrov so znameto vo mok

Утре рано за Лас Вегас, САД, патува и вториот дел од репрезентацијата во борење на Светското првенство (7- 12 септември), кое критериумско за пласман на Олимписките игри 2016 во Бразил. За Лас Вегас патуваат Дејан Митров (-65 кг), Јасин Реџелари (-61 кг), Халил Зубаиров (-85 кг) и Бобан Данов (125 кг), кои ќе настапат во слободен стил.

Reprezentacija vo borenje vo Teteven za Baku

Претходно отпатува селкторот Лулзим Вренези и Тимур Хамикоев, кој задутре настпува прв од нашите борачи во грчко-римски стил.

Засега не се познати причинит епоради што е изоставен Дејан Богаднов (-97 кг), која е олимписка категорија

За да настапат на ОИ во Рио де Женеиро борачите мора да обезбедат пласман меѓу првите шестмина во светот. На ова може да се надеваат Митров, Данов, Зубаиров и Хамикоев, а Реџелари и да оствари пласман до 6-тото место не обезбедува виза за Бразил, бидејќи неговата категорија не е во олимписката програма.

Las Vegas sp borilista

Во таборот на нашата репрезентација владее оптимизам и с енадеваат на една до две олммписки норми, а во Македонскиот олимписки комитет се надеваат не само на норма, туку и на освојување медал.

„Очекувам добар настап. Конкуренцијата е најсилна, бидејќи сите посакуваат норма за ОИ во Рио де Женеиро 2016. Подготовките ги поминав под посебен режим на тренинг, поради повредата која се уште не е заздравена 100 отсто. Јас ќе дадам се од себе Македонија да се претстави во најдобро светло, вели Дејан Митров.

Зубаиров, кој освои бронзен медал на Европското првенство во У-23 во Полска, истакнува дека е подготвен и дека ќе се обиде да го поправи впечатокот од Европските игри во Баку и да избори норма за ОИ.

Jasin vo mok za ei

Све е во ред, нема повреди и добро сме подготвени. Се надевам на добар резултат Но и да се погоди жребот. Подготовките и контролните борби поминаа добро“, изјави Реџелари.

Данов го очекува тешка работа, но ја бара шансата во добрата подготвеност.

На 10 септември настапува Митров, наредниот ден Реџалари и Зубаиров, а во последниот ден на првенството ќе се бори Данов.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО