Репрезентација се формира со договор, а не на сила!

Како подоготовка за новата сезона, настапите на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 и во Премиер лигата најтрофејните карате клубови во државата ја продолжија традицијата и одржаа заеднички тренинг. Металург, Макпетрол и Кеикс заедничкиот тренинг го одржаа кај металурзите.

Клубовите порачаа дека репрезентација се прави со договор, а не на сила, откако претседателот на КФМ, Драган Стојановски, тргна во мисија кај помалите клубови за да ги убедува во исправноста на политиката што ја води.

Од КФМ денеска се огласија во некои медиуми дека списокот е по сите прописи, однонсо дека мора да се има четири победи, но заборавија да кажат дека има и патници кои беа дисквалификувани, со што автоматски се губи место во репрезентацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО