Каратисти од Металург и Кеикс викендов беа на спаринг-подготовки во Бар, Црна Гора, 27 натпреварувачи од двата клуба.
Тие беа гости на КК Бар и главниот тренер Алмир Цацуњанин од истоимениот град, при што репрезентативците од двете земји за претстојното Европско првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година направија по неколку спаринг борби од по две минути. На располагање и беа ставени и сениорите на трите клуба за да имаат што подобра подоготовка.
„Ова беа финалните подготовки на кои се чистеа техничко-тактички елементи пред ЕП во Софија идниот викенд. Видовме во кои елементи се добри и каде прват грешки. Пред се, добија драгоцено генерално искуство пред шампионатот со противниците кои ќе се борат на ЕП. Црна Гора е силна карате репрезентација, па беше логично по спарингот со бугарската репрезентација во Скопје, да направиме уште една проверка со репрезентативен состав. Тоа е формулата за успехот што во годините наназад се покажа успешен“, изјави првиот човек на Металург, клуб кој има најмногу репрезентативци на ЕП, Мирче Јанушевски.
Ipon.mk/В.Д.