Бадр Хари мора да оди во затвор

Badr hari Kazablanka

Врховниот суд на Холандија донесе конечната пресуда во случајот Бадр Хари.

Познатиот борец ќе мора во затвор. 32-годишниот Мароканец во октомври 2015 година беше осуден на две години затвор, условна казна од десет месеци, поради тежок физички напад на Сензејшн вајт парти во Амстердам во јули 2012 година. По таа одлука мора да плати 45.000 евра отштета.

Жртвата на неговиот напад е Коен Еверинк во меѓувреме е убиен.

Врховниот суд ја потврди казната и од вкупната казна одзеде 8 месеци поминати во притвор, така што му остана околу половина година во која ќе мора да ја отседи во затвор.

Хари не присуствуваше на читањето на пресудата и е моментално во Мароко.

Во Холандија веќе нема право на жалба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО