Македонскиот репрезентативец во борење со остварена олимписка норма за Токио 2021 од БК Вардар, Могамедгаџи Нуров, утре ќе стапи во брак.
Свадбената церемонија е закажана во родната Макхачкала во Русија.
Борачите на Вардар не можат да бидат дел овој убав чин поради пандемијата на Ковид-19, но затоа преку тренерот Гајдар Гајдаров му испратија чек во вредност од 1000 долари со желба за среќан брак и спортски успеси на Нуров.