Репрезентативците на Вардар се подготвуваат во Баку, Гори и Макхачкала

Вардар активно и професионално се однесува кон сите свои членови, а особено кон репрезентативците .

Вардаровите репрезентативци во борење се подготвуваат во три различни центри.

Магомедгаџи Нуров е на завршни подготовки во Баку, Азербејџан, пред учеството на ЕП во Загреб, додека Адам и Рубен Модосјан се наоѓаат со грузиската репрезентација во Гори, Грузија, за учество на Балканијадата во Серез, Грција, и Европското за кадети во Тирана, Албанија.

Во Макхачкала, Дагестан, се Марко Андонов и Шаќир Бислими со тренерот Хасан Бислими, на подготовки за учество на Европско првенство за јуниори во Сантјаго де Компостела, Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON