Александар Волкановски летово ќе ја брани титулата

Шампионот на УФЦ во перо категорија, Александар Волкановски, налето ќе се врати во октагонот, пренесува ММА Џанки. 34-годишниот Австралиец со македоснко потекло ја загуби последна борба во февруари кога беше поразен од шампионот во повисоката дивизија Ислам Махачев.

Волкановски ќе се врати во категоријата до 65,8 килограми за да ја брани титулата против привремениот шампион во перо категорија Јаир Родригез.

Борбата се очекува да се одржи на гала вечерта УФЦ 290, која ќе се одржи за време на Меѓународната недела на борбите (8 јули) во Лас Вегас, САД.

30-годишниот Родригез е во победничка серија од две борби, а последниот пораз го има во 2021 година кога беше поразен од Макс Холовеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО