АктуелноБалкански првенстваТаеквондо

Репрезентативците на ТК Штип со сребрен сјај на Балканското првенство во Зрењанин

Таеквондистите на Штип во составот на македонската репрезентација на Балканското првенство во Зрењанин, Србија, освоија три сребрени медали и еден бронзен и покажаа дека припаѓаат на самиот врв на балканското таеквондо.

Медалите ги освоија: Душица Бреслиева, Никола Митев и Антонио Арсовски сребрени и Андреа Илиевска бронзен.

„Особено драматично беше финалето на Душица Бреслиева, која по извонредна борба беше на чекор до златото, но победата и избега во последните секунди од мечот. Сепак, нејзината борбеност, срце и шампионски карактер се доказ дека вистинските шампиони не се мерат само по медалот, туку по начинот на кој се борат до самиот крај“, велат од Штип и додаваат:

„Никола Митев и Антонио Арсовски исто така прикажаа врвни настапи, покажувајќи техника, дисциплина и непоколеблива желба за успех, достојно претставувајќи ги клубот, градот Штип и Македонија“.

Бронзениот медал на Андреа Илиевска е уште една потврда за квалитетот и континуираната работа во Таеквондо клуб Штип.

„Денес не славиме само медали. Славиме вложен труд со години, рани претворени во искуство, солзи претворени во мотивација и храброст која ги носи спортистите до најголемите сцени.

За нас, вие не сте само освојувачи на медали – вие сте шампиони!

Горди сме на секој ваш чекор, на секоја борба и на секој момент кога го носевте грбот на Македонија со чест и достоинство“, истакнуваат од ТК Штип.

Посебна благодарност управта на клубот изразува до тренерите Арсовски Зарко  и Сашко Арсовски за упорноста и довербата што ја даваат несебично на нтпреварувачите.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON