Репрезентацијата во борење ќе настапи на „Дан Колов“

Македонската репрезентација во борење ќе настапи на силниот меѓународен турнир „Дан Колов“ во Бугарија од 16 до 20 февруари.

За Македонија ќе настапат: 57 кг Аид Салихаси и Стефан Штериов, 61 кг Бесир Алили, 65 кг Муамед Феруки,70 кг Фати Весејли и Аарсим Бекировски, 74 кг Стефан Димитров, 79 кг Бехар Мамути, 84 кг Дејан Митров, 92кг Реџеп Хајдари, 97 кг Столе Ефтимов и Могамедгаџи Нуров, 125 кг Увејс Весели.

„Настапуваме со доста млада екипа, претежно се младинци.Очекуваме добри борби. Ово а е мотив плус за младите да се докажат, бидејки и претстои младинското Европско првенство“, вели еден тренерите Бобан Данов, кој со тренерот Седат Бафтија ќе ја предводат репрезентацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО