Ренато Моикано и Беноа Сен Дени се соочија

Овој викенд Дaна Вајт и УФЦ се враќаат во Париз, Франција. Таму ќе бидеме сведоци на настанот УФЦ Фајт најт 243, кој ќе биде предводен со борба во лесна категорија. Бразилскиот борец Ренато Моикано ќе се соочи со локалната ѕвезда Беноа Сен Дени. Неодамна за прв пат се соочија пред нивната борба.

Ренато има 35 години и има скор 19-5-1 во ММА. Во последната борба, во април оваа година, го победи Џалин Тарнер. Тоа трета победа по ред под знамето на лигата. Моикано има завршено 11 од своите мечеви и 4 пати бил завршен. Ренато загуби само 1 од последните 6 борби за УФЦ.

Сен Дени има 28 години и има скор 13-2 (1) во ММА. Во последната борба загуби од Дастин Пориер во март оваа година. Беноа се раздели со серија од 5 последователни победи и не успеа да влезе на врвот во категоријата. Заврши 13 борби и загуби само еднаш пред крајот на борбата.

Главна карта:

Ренато Моикано – Беноа Сен Дени
Насурдин Имавов – Брендан Ален
Вилијам Гомис – Џоандерсон Брито
Кевин Жусет – Брајан Битка
Морган Шариер – Габриел Миранда
Фарес Зијам – Мет Фревола

Прелиминарни:
Јон Кутелаба – Иван Ерслан
Оумар Сај – Јунг Да-Вун
Лудовит Клајн – Рузвелт Робертс
Дарија Железњакова – Аилин Перез
Даниел Барез – Виктор Алтамирано
Болаџи Оки – Крис Данкан
Тејлор Лапилус – Винс Моралес
Жаклин Кавалканти – Нора Корнол

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО