Ренан Фереира и Денис Голцов во финалето на турнирот во тешка категорија на ПФЛ

Ренан Фереира и Денис Голцов изборија финале на турнирот во тешка категорија на ПФЛ.

На настанот одржан во Њујорк, Бразилецот Ренан Фереира во првата рунда со нокаут го победи Американецот Морис Грин.

Грин во јуни загуби во второто коло од Анте Делија, а влезе како замена за Бразилецот Марсело Нунес, кој го откажа настапот поради повреда.

Во второто полуфинале, рускиот борец Денис Голцов совлада друг Американец, Џордан Хајдерман, со завршница (гушење со рчен триаголник) во првата рунда.

На ПФЛ 8 се одржаа и полуфиналињата во перо категорија за жени, а за наградата од еден милион долари ќе се борат Бразилката Лариса Пачеко и Русинката Марина Мохнаткина.

Во конасловната борба Лариса Пачеко ја победи Украинката Олена Колесник со прекин во првата рунда за само 14 секунди.

Марина Мохнаткина исто така беше многу брза. На руската воинка и беа потребни 1:45 минути да ја совлада со завршница (лост) Американката Амбер Лејброк.

Резултати од настанот ПФЛ 8:
Ренан Фереира – Морис Грин – КО (удари), Р1 (4:46)
Лариса Пачеко – Олена Колесник – ТКО (удари), Р1 (0:14)
Денис Голцов – Џордан Хајдерман – завршница (гушење со рачен триаголник), Р1 (4:16)
Марина Мохнаткина – Амбер Лајброк – завршница (лост), Р1 (1:45)
Нејтан Кели – Демион Нелсон – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)

Воведни борби:
Данило Маркез – Сатоши Иши – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Маира Мазар – Кејтлин Нил – поделена одлука (28-29, 29-28, 29-28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО