Реми Бонјаски се враќа во рингот за четврта пресметка со Манхоеф

 

Трократниот победник на К-1 Гран при, Реми Бонјаски, повторно ќе се врати во рингот.

41-годишниот Летечки џентлмен на 29 октомври во Алмере ќе се бори ВФЛ (Ворлд фајтинг лига) настанот. Негов противник ќе биде сопственик на ВФЛ, Мелвин Манхоеф.

Манхоеф веќе три пати се бореше со многу поголемиот Бонјаски, но Летечкиот џентлмен во сите три борби од рингот излезе како победник.

Во првата борба за Големата награда на К-1 во 2002 година во Архем победи на поени. Во втората во Амстердам 2008 година Бојаски беше нокаутиран со летечки висок удар и во полседната на К-1 Финале 16, една година подоцна, славеше со одлуката на судиите.

Бонјаски не се борел од март 2014 година кога во реваншот во Загреб го победи Мирко Филиповиќ.

41-годишниот Манхоеф последниот кик бокс меч го одработи во април на Белатор во Италија, каде што загуби на поени од Александру Негре.

https://youtu.be/hJJt3DLLwpw

https://youtu.be/i6p-NZnt5vA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON