Илисоки, Кубин и Ѓоргиев на силниот турнир „Сараево фајт 3“

Милан Кубин, Димитар Ѓоргиев и Бобан Илиоски на 10 август ќе настапат на К-1 настанот Сараево фајт 3 во Сараево, Босна и Херцеговина, кој ќе с еодржи во хотелот Хилс на Илиџа.

Бобан Илиоски ќе настапи на турнирот на осмината во К-1 во категоријата до 72 килограми, на кој уште ќе се борат Харис Бибер (БиХ), Расим Башиќ (БиХ), Чедо Пантиќ (БиХ), Марио Марковиќ (БиХ), Новак Радуловиќ (Србија), Рене Арегер (Чешка) и се чека уште еден противник.

Покрај турнирот на осумината ќе се организираат и Суперфајт мечеви по К-1 правилата на кој ќе настапат Кубин и Ѓоргиев.

Учесници на Суперфајт се Игор Емкиќ (БиХ), Месуд Селимовиќ (БиХ), Бахрудин Махмиќ (БиХ), Алија Туцак (БиХ), Алмин Хоџиќ (БиХ), Владимир Ток (Германија), Милан Кубин (Македонија), Вукашин Обрадовиќ (Србија), Димитар Ѓоргиев (Македонија), Дарко Кнежевиќ (Германија). Се чека потврдата на уште еден борец.

Во склоп на манифестацијата ќе се одржи и еден професионален бокс меч меѓу Селме Балтиќ и Катарина Виштица.

На Сараево фајт 3 и ќе настпат борци од Б и Х, Хрватска, Србија, Македонија, Германија, Швајцарија, Чешка, Словачка, Холандија и Турција.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО