Џон Џонс: Ќе навивам за Конор, но нема шанса (ВИДЕО)

Лошото момче на американското ММА, Џон Џонс, изјави дека ќе го поддржи Конор Мек Грегор во мечот против Флојд Мејведер.

Големото дерби ќе се одржи на 28 август во Лас Вегас.

„Му се восхитувам на Конор. Ме инспирира, но за мене Флојд е голем. Тој има 40 години, но сметам дека знае што прави. Се уште има можности да биде на ниво во својот спорт. Впечатливата моќ на Конор ќе ја направи оваа средба интересна. Во исто време момци како Мигел Кото и Оскар де ла Хоја исто така имаа моќ. Ако морам да се обложам, тогаш ќе се обложам на големината на Флојд“, изјави Џон Џонс кој во сабота се бори за титулата на УФЦ во лесно-тешка категорија со шампионот Даниел Кормиер.

https://youtu.be/FqUYYqkFGvA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО