Реваншот меѓу Енди Руиз Jуниор и Ентони Џошуа ќе биде особено профитабилен за Британецот во овој дуел.
Објавени се официјалните хонорари за двајцата боксери – Џошуа ќе добие 85 милиони долари, додека Мексиканецот 13 милиони.
Сега е јасно зошто Руиз толку долго преговараше околу договорот за реваншот.
Промотерот Еди Херн и неговиот Мечрум боксинг ќе ги зголемат своите банкарски сметки за 20 милиони долари.
Така, светскиот шампион на ВБА, ИБФ и ВБО ќе добие 6,5 пати помал хонорар од својот претендент.
Ова ќе биде рекорден хонорар за Џошуа, а колку вкупно ќе тежи овој меч ќе чекаме да видиме, откако ќе бидат пресметани парите од ППГ (плати па гледај ).
Мечот ќе се одржи на полноќ меѓу 7 и 8 декември во Саудиска Арабија.